, ,

Toshiba RAS-18J2KVSG-E (Shorai Edge) A+++/A+++ 5.0/6.0


Високо ефикасен Инвертер климатизер со A+++/А+++ енергетска ефикасност , со капацитет на ладење од 5.6KW и капацитет на греење од 6.0Kw со можност за непречена работа до -15С благодарение на DC Hybrid Inverter технлогијата од Toshiba.

86.990,00 ден

Compare

Toshiba RAS-18J2KVSG-E / RAS-18J2AVSG-E (A+++/А+++) Инвертер климатизер со капацитет на ладење од 5.0KW и капацитет на греење од 6.0Kw со можност за непречена работа до –15С благодарение на DC Hybrid Inverter технологија.Toshiba Shorai Edge серијата ви овозможува ниска потрошувчка од само 1.59Kw/h при греење и 1.42Kw/h при ладење со опсег на поставување на температурата од 16-30С.

Oвој клима уред поседува DC Hybrid Inverter компресор кој придонесува во намалување на вибрациите и бучавата во системот.Toshiba inverter системите се посебно ефикасни,поради начинот на модулација на капацитетот односно моќноста на компресорот ја оптимизираат максимално. Односно компресорот може да работи константно помеѓу 20% и 100% искористеност на моќноста користејќи интелегентна контрола, со што се постигнува оптимална константна температура во просторијата.

Toshiba Shorai Edge технологија :

Оваа серија се одликува со највисок степен на енергетска ефикасност во комбинација со Ultra Pure филтер за воздух и Careflow распределбата на воздухот при што го дистрибуира протокот на воздух без да чувствувате провев во просторијата.

Благодарение на својата А+++ енергетска ефикасност и за греење и за ладење, SHORAI Edge ја нуди највисоката ефикасност во споредба со конкуренцијата при делумно оптоварување.

✅ · А+++ · ЛАДЕЊЕ: 5.000W
✅ · А+++ ГРЕЕЊЕ: 6.000W
✅ · SEER 7.3
✅ · SCOP 4.6
✅ · ГРЕЕЊЕ до -15С
✅ · WI-FI ready
✅ · Самочистење со антипрашест филтер
✅ · Заштита од замрзнување
✅ · ULTRA Pure филтер
✅ · ON-DEMAND Defrost 
✅ · I FEEL Функција
✅ · DC Hybrid Inverter
✅ · Проток на воздух:660м3
✅ · Тивок режим (19dB)

SHORAI Edge е дизајниран за да понуди оптимална удобност и висока А+++ енергетска ефикасност при ладење/греење, што овозможува вистинска заштеда
на електрична енергија.

Благодарение на својата А+++ енергестка ефикасност и за греење и за ладење, SHORAI Edge ја нуди највисоката ефикасност во споредба со конкуренцијата при делумно оптоварување.

Енергетска ефикасност и почитување на животната средина Овој клима уред користи разладно средство R-32, што го намалува влијанието врз животната средина и гарантира ефикасно работење. Со својата висока енергетска класификација, обезбедува намалена потрошувачка и поголема заштеда.

Постојаната иновативност на Toshiba гарантира совршенство во областа на климатизацијата во согласност со очекувањата на корисниците.

Со цел намалување на бучавата, функцијата “Silent” на SHORAI Edge го преполовува нивото на звук на надворешната единица, додека функцијата “Quiet” ја редуцира бучавата на внатрешната единица за да ви овозможи добар сон.

Иновативната SHORAI Edge нуди нова технологија наречена “HADA CARE”, која што ја подобрува дистрибуцијата на воздухот во просторијата и го регулира нивото на влажност.

Иновативна Toshiba инвертер технологија

Иновативната ротациона компресорска технологија на Toshiba е комбинација од извонредни перформанси со извонредна сигурсност. Со минимизирање на флуктуациите се обезбедува константна температура, а тоа ја зголемува ефикасноста и притоа го елиминира ризикот од бучава. Toshiba inverter технологијата му овозможува на моделот SHORAI Edge постојано да го регулира капацитетот на греење и ладење, преку прилагодување на брзината на компресорот согласно побарувачката.

Toshiba Ultra Pure Filter

PM2.5 се честици кои проилегуваат од загадувањето на атмосферата и истите имаат дијаметар помал од 2.5 микрометри.

• Истражувањата покажуваат дека постои тесна врска помеѓу изложеноста на ситни штетни честици и белодробните заболувања, односно влошување на хроничните заболувања.
• Toshiba Ultra Pure филтерот зафаќа 94% од PM2.5 честиците со што се овозможува здрава средина за живеење во домот

 

Toshiba RAS-18J2KVSG-E / RAS-18J2AVSG-E

Останатите модели од Toshiba програмата можете да ги погледнете тука.

Доколку сакате да ја погледнете деталната спецификација и брошура за оваа серија кликнете тука.

 

Based on 0 reviews

0.0 overall
0
0
0
0
0

Be the first to review “Toshiba RAS-18J2KVSG-E (Shorai Edge) A+++/A+++ 5.0/6.0”

There are no reviews yet.

You may also like…

Select at least 2 products
to compare