Општи услови
Со самата посета или купување преку нашата интернет страна, потребно е да се согласите со условите наведени подолу, чие право на промена во зависност од условите и потребите е задржано без претходно известување на корисниците на сајтот. Тања 2000 КОМ ДООЕЛ – Проклима МК не превзема одговорност доколку корисникот на сајтот не ги прочитал јавно достапните информации и услови од овој сајт. Ако не се согласувате со Општите услови на оваа страна, едноставно не ја користете и повелете во некоја од нашите Тања 2000 КОМ ДООЕЛ – Проклима МК продавници.
Називот Тања 2000 КОМ ДООЕЛ – Проклима МК е заштитен трговски знак на Тања 2000 КОМ ДООЕЛ – Проклима МК и забранет е секаков вид на негова употреба без претходна писмена согласност на сопственикот. Тања 2000 КОМ ДООЕЛ – Проклима МК ги задржува сите права кои произлегуваат од трговскиот знак ПРОКЛИМА.мк . Целата содржина на оваа страна, вклучувајќи ја формата, изгледот, сликите, информациите, дизајнот и сите достапни податоци, се интелектуална сопственост на Тања 2000 КОМ ДООЕЛ – Проклима МК и се заштитени со авторско право и сродните права. Превземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од овој сајт е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотребата на податоците и опциите кои ги нуди оваа страна. Споделените информации од оваа страна имаат информативен карактер. Секогаш ќе се залагаме за точност на информациите, но можни се отстапувања и пропусти во информирањето, во зависност од изворот на информациите.
За сите производи ќе се потрудиме да имате достапна фотографија, како илустрација за изгледот и формата на производот.
Тања 2000 КОМ ДООЕЛ – Проклима МК го задржува правото да објавува називи, модели и други информации за производот на англиски јазик, кога:
- Постои ризик од губење на битни информации при преводот
- Нема иста или слична терминологија на македонски јазик
Како би ги задоволиле Вашите потреби и барања, Тања 2000 КОМ ДООЕЛ – Проклима МК ќе се залага за достапност на својата интернет страна 24 часа во денот. Во случај на привремена недостапност односно прекин на пристапот до интернет страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на Тања 2000 КОМ ДООЕЛ – Проклима МК , не можеме да превземеме никаква одговорност и да Ви гарантираме постојан пристап.
Услови и правила за купување
Цените на сите производи на www.neptun.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.
Тања 2000 КОМ ДООЕЛ – Проклима МК го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Корекција на цената во секој случај може да биде извршена од страна на Тања 2000 КОМ ДООЕЛ – Проклима МК, доколку се работи за очигледна техничка грешка сторена при впишување на цените на производите. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме. Во случај на постоење на очигледна техничка грешка сторена при впишување на цените на производите, Тања 2000 КОМ ДООЕЛ – Проклима МК веднаш ќе ги извести Купувачите кои извршиле нарачка или пак реализирале уплата за одредениот производ, а Купувачот во овој случај го задржува своето право да одлучи дали ќе ја откаже нарачката или не.
За купување на производи преку www.proklima.mk важат редовните малопродажни цени.Количините на производите се ограничени. Согласно тоа, одредена нарачка може да биде откажана поради исцрпување на залихите.
Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на Тања 2000 КОМ ДООЕЛ – Проклима МК. Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира финално плаќањето. Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, но при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на резервација на нарачката. При евентуални технички проблеми или грешки со интернет страната, Тања 2000 КОМ ДООЕЛ – Проклима МК има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.
Купувањето можете да го остварите со следните платежни картички, издадени од било која банка: Visa, Visa Electron, MasterCard и Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката), а наплатата се извршува преку нашиот партнер НЛБ Тутунска Банка.